На 21.10.2025 во 15:29 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Крива Паланка го лишија од слобода Џ.М.(32) од Крива Паланка. При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека Џ.М. управувал патничко возило „опел“ со брзина од 112 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час.
На 22.10.2025 во 02:20 часот на улица „Моша Пијаде“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода С.К.(51) од Кавадарци. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,05 промили алкохол во крвта.
Лицaтa се задржано во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.