Вчера во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.
Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.
Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на територијата на државата.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
- Хаос во Багдад: Дрон удри во седиштето на разузнавачката служба, загина висок офицер
- Дизелот поевтинува за 50% – Црна Гора ги намалува акцизите на горивата
- Паднаа двајца дилери: Уапсени двајца сограѓани
- УХМР со најнова прогноза: Подгответе се за нов влажен бран и пад на температурите
- Дневен хороскоп: Сонцето влегува во Овен – започнува бурен период на нови почетоци
- Подгответе се за гужви: Утре посебен сообраќаен режим во Скопје
- „Правевме роденден за Мики, пола подароци му ги украдоа гостите“- Ужас во скопската Зоолошка градина
- „Летал со 105 км/ч низ Штип: Полициски пресретнувач „улови“ 21-годишен возач на „Голф“

