Close Menu
Press24
    Најново

    Добри вести за пензионерите – Пензиите се зголемуваат

    17.08.2026 во 10:29

    Ведрана Рудан пред смртта: На синот не му оставам ништо и не го сакам на мојот погреб

    18.08.2026 во 11:31

    Герасимовски: И оваа година бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение

    17.08.2026 во 10:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во семејството на Елвир Мекиќ: ненадејно почина неговиот брат Елвис
    • Дневен хороскоп: Трпението клуч за успех кај Овенот, Бикот ќе реши некоја обврска што го оптоварувала
    • „Да имам јас таков филм, би го пуштила пред Дневникот” – Северина се прости од Ведрана Рудан
    • ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани
    • Вести, услуги и пријави од телефон: Што носи апликацијата на Општина Центар?
    • Ќе легнат пари на сметките: Колку ќе изнесува К-15 годинава?
    • ФОТО: „На небото те чека другарка, знаеш ти која” – Водителката која помина низ хорор се прости од Ведрана Рудан
    • УХМР ги измери температурите во 8 часот – Горештините попуштија, но викендот носи пресврт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лекарска комора: Морална осуда за д-р Кузмановски, барањето за продолжување на лиценцата дополнително ќе го разгледуваме

    Лекарска комора: Морална осуда за д-р Кузмановски, барањето за продолжување на лиценцата дополнително ќе го разгледуваме

    16.10.2025 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Комисијата за етички и правни прашања при Лекарска комора, постапувајќи по случајот со видеоснимката објавена на социјалните медиуми во која е инволвиран д-р Игор Кузмановски, упатува јавна морална осуда за настанот. Оваа се прави со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата во професијата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат.

    Комората нагласува дека д-р Кузмановски, како и секој лекар, треба да биде свесен за својата улога и значење во заедницата. Од лекарите се очекува, како во професионалниот, така и во приватниот живот, да негуваат и покажуваат лични квалитети кои соодветствуваат на местото и достоинството на лекарската професија во општеството. Секој несоодветен, лекомислен, нечесен или понижувачки акт, покрај тоа што го компромитира самиот поединец, истовремено ги компромитира и сите негови колеги.

    На состанокот на Комисијата, детално беа разгледани документите добиени од Министерството за здравство, а беше направена и проверка на поднесените претставки до Комората за евентуални етички пропусти во работењето, при што беше констатирано дека нема случај поврзан со д-р Кузмановски. Со цел да може да се обезбедат соодветни факти и да се добие целосна слика за етичкото однесување на докторот во изминатиот период, што сметаме дека е важно во оваа ситуација, Комисијата цени дека е важно да ги имаат на увид и извештаи од стручните комисии формирани за овој случај од страна на Министерството за здравство и од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија. По добивањето на овие официјални извештаи и комплетирањето на информациите, Комисијата ќе донесе заклучок за понатамошно постапување во однос на прекршувањето на етичките норми.

    Д-р Кузмановски и понатаму останува без активна лиценца за вршење докторска дејност. Доставеното барање за повторно стекнување со лиценца ќе биде дополнително разгледано.

    Прочитај повеќе

    Трагедија во семејството на Елвир Мекиќ: ненадејно почина неговиот брат Елвис

    19.08.2026 во 09:11

    ЦУК со пресек: 37 пожари за 24 часа – Најкритично во Студеничани

    19.08.2026 во 08:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.