Лејди Гага отворено проговори за психичките проблеми: „Се плашев да излезам од дома“

Американската поп пејачка, Лејди Гага во 2014 година откри дека се бори со психички проблеми, а сега откри и детали како се чувствувала со надеж дека ќе им помогне на другите.

„Секое утро кога ќе се разбудев ќе се сетев дека сум Лејди Гага и станував депресивна“ објасни таа.

Како што вели се плашела да ја напушта куќата, а како што вели кога ќе се случело тоа со часови седела надвор, плакала и пушила.

Сепак, пејачката се одлучила да побара стручна помош, а освен терапијата, музиката и помогнала да се чувствува подобро.

„За мене слободата е кога ќе ги посета најтемните делови на душата и кога ќе се потсетам на тешките работи, кои не се оставаат толку лесно. Ми недостигаше чувството да сум човек – затоа бев и среќна и депресивна во исто време“, кажа Лејди Гага.

Потсетуваме, таа често зборува за траумата која ја доживеала кога била силувана на 19 години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 22:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега