Легендарната сина птица на „Твитер“ оди во историјата, Маск со ново лого за апликацијата

 

 

Илон Маск откри ново лого за Твитер, избирајќи „Х“ направено во „минималистички арт-деко стил“ како дел од ребрендирањето на платформата.

Сопственикот на Твитер изјави дека дизајнот ќе биде променет, „најверојатно ќе се промени подоцна, дефинитивно ќе биде дотеран“, напиша тој на Твитер.

Извршниот директор на Твитер, Линда Јакарино, го потврди изборот во понеделникот.

„Х е тука! Ајде да го направиме тоа.”, напиша таа на својот профил.

Маск побарал од своите 149 милиони следбеници идеи за дизајн и се чини дека го избрал логото, кое го покажа во видеото во неделата.

Логото „Х“ долго време е опсесија на Маск и е неговото име за „апликацијата за сè“ што тој вети дека ќе ја лансира во одреден момент – и се верува дека ќе ја користи платформата на Твитер за да го стори тоа.

Патем, некои корисници веќе го гледаат логото X кога ја отвораат страницата или апликацијата на Твитер, додека други сè уште ја гледаат старата сина птица.

„Наскоро ќе се збогуваме со брендот Твитер и постепено, со сите птици“, објави вчера Маск на таа социјална мрежа.

Во таа прилика тој изјави дека сака да го смени логото на Твитер и ги праша своите милиони следбеници дали би сакале бојата на позадината на страницата да се промени од сина во црна.

„Х е иднината на неограничените интеракции… глобален пазар за идеи, стоки, услуги и можности“, објави вчера Линда Јакарино на Твитер.

Оригиналното лого на Твитер, сината птица, е дизајнирано во 2012 година и сè уште може да се види на оваа платформа.

24.07.2023 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега