Лефков: Владата е спремна да прифати предлог кој носи бесконечно преговарање со една цел асимилација

 

Миле Лефков, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека е време да се слушне гласот на македонскиот народ и порача Владата да прекине со игрите.

„Почитувани Македонци,

Овде сме на регионалниот пат Струмица – Радовиш, уште еднаш да кажеме громогласно НЕ за дипломатскиот нокаут којшто го доживеавме како држава.

Се наоѓаме пред асимилација и бугаризација на Македонија. Тргнуваме во еден лавиринт од кој што ќе нема излез и се подготвува влез којшто ќе биде бесконечно преговарање кој ќе има една цел – асимилација.

Овде сме заедно со струмичани, заедно со луѓето Василево, Босилово, Ново Село, Конче Радовиш, Гевгелија, Валандово. Практично целиот југоисток е  овде за да кажеме громогласно НЕ“, вели Лефков.

Конечно неизбраниот премиер Ковачевски, да го слушне својот народ да ги слушне повиците на илјадници луѓе коишто маршира во главниот град еден до еден и кои што кажаа не, не прифаќаме вакво понижување, порача членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Време е да се слушне македонскиот народ и да престанат со игрите и она што го слушаме дека предлогот ќе дошол во Собрание. Еве од овде сите заедно со други колеги пратеници ве уверуваме дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го даде потребното мнозинство. Практично преговараат за еден мртов предлог затоа што го немаат потребното мнозинство за отворање на Уставот. На овој начин се прави само поделба, дополнителна поделба и дополнително формализирано понижување на македонскиот народ.

Ние ова не го заслужуваме. Веднаш бараме да престане ваквиот понижувачки однос кон македонскиот народ. Македонци сме од памти век и тоа ќе останеме засекогаш.

Нема предавање, нема враќање назад. Таче слушни го твојот народ и престани со понижувањето“, кажа Лефков.

08.07.2022 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега