Лефков: Пресудата за пожарот во модуларната болница е доказ дека судството е политизирано

Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, пресудата за пожарот во тетовската модуларна болница, во која животот го изгубија 14 наши сограѓани, е доказ колку судството е под притисок на власта. Одлуките, оценува тој, се носат зависно од тоа дали лицето кое е предмет на постапката е блиско до власта или не.

Наместо индивидуална кривична одговорност, се сѐ сведе на кабелот, а директорите на болницата Флорим Бесим, братот на министерот за финансии од ДУИ и Артан Етеми, и двајцата кадри на ДУИ добија условна казна од 18 месеци. Тие нема да влезат во затвор, ако во период од 18 месеци не сторат друго кривично дело. Оваа пресуда е и доказ како ДУИ се грижи за Албанците и за Македонците, кога од другата страна се нивните функционери. ДУИ ниту се грижи за Албанците, ниту за Македонците, туку само за своите функционери“, истакна Лефков.

06.06.2023 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега