Лефков: Македонија доби влада од народот за народот

 
„Денес е значаен ден бидејќи денес е прв ден во кој што Македонија има влада предводена од Христијан Мицкоски една просперитетна и правична влада конечно Македонија доби влада од народот за народот, специфично за мене и оваа влада е што мандатарот започна со реализирање на ветувања уште пред нејзиното формирање. Уште на самиот ден може да видиме дека премиерот и тимот се излезени на терен и веќе работат и започнавме една кампања која што се нарекува почнуваме меѓутоа работата започна многу порано со измена на законот за организација на државната управа практично една реформа која што не е насочена кон граѓаните туку е насочена кон самата државна управа една многу значајна реформа затоа што после скоро 3 декади се менува начинот на кој што работи управата“ кажа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во емисијата Заспиј ако Можеш на Алфа ТВ и додаде: 
 
„Премиерот храбро влезе во овој процес така што би рекол добивме една влада која што ги формализира поделбата на министерствата и она што беа заложби во минатото како дигитализација успеавме тоа да го материјализираме во вид на министерства нешто што успеа да го направи парламентарното мнозинство благодарение на заложбите на премиерот и се надевам дека тоа ги исполни сите предуслови да имаме една динамична влада која што ќе е подготвена да се соочи со новите предизвици“ кажа Лефков. 
 
Лефков додаде и дека за разлика од претходната власт сека Македонија доби влада од народот за народот кој ќе има многу тешка задача да ја реформира земјата. 
 
„Сега имаме една влада која што е од народот за народот но која ќе има тешка задача меѓутоа добро е што вака ја започнавме работата да ја реформираме државата. Ние уште кога влеговме во предизборие рековме дека мораме да ја вратиме надежта. Проблемите се решаваат и мораме да работиме“ истакна Лефков.

 

25.06.2024 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега