Лефков: Братот на Груби купил деловен објект вреден половина милион евра, додека Артан е вицепремиер

Додека Артан Груби е вицепремиер, неговиот брат трупа огромен имот. Империјата Груби расте и зазема милионски димензии. Денес продолжуваме со откривање детали за бизнис империјата на семејството Груби, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се наоѓаме на улица Македонија, една од најфреквентните улици во Скопје, во чија близина се голем број на институции и трговски центри. Токму зад мене се наоѓа најновата инвестиција на семејството Груби, голем деловен простор, купен во време додека Артан Груби е вицепремиер од страна на неговиот брат. Овој деловен простор е со површина од 127 м2, и според катастарската евиденција е сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби.Квадратен метар деловен простор на оваа локација се движи помеѓу 3.000 и 4.000 евра, што значи дека објектот на Груби вреди и до 500.000 евра”, рече Лефков.

Лефков побара од Артан Груби, да одговори како неговиот брат Ветон Груби го купува овој имот и со кои средства? И дали при купување на имотот на било кој начин е искористена неговата политичка моќ или политичко влијание? Груби да каже, како додека тој е вицепремиер, неговиот брат и нему блиски луѓе влегуваат во милионски бизниси и инвестиции.

Тој истакна дека ДКСК и ЈО не треба чекаат и да отворат постапка за бизнис империјата, која се плете околу Артан Груби, како и да отворат постапка за потеклото на парите и можното злоупотреба на влијание од негова страна.

Утре продолжуваме со објавување на нови детали, и дилеми кои неминовно се јавуваат за купувањето на овој деловен објект, со докази и аргументи, додаде Лефков.

20.02.2023 - 12:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега