Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори. Поранешниот вицепремиер во Владата и потпретседател на СДС, Фатмир Битиќи, отворено кажува дека СДС немаат никакви шанси за добар резултат на следните избори кога и да бидат, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека од една страна, Филипче бара предвремени избори, Битиќи и останатите видни членови на СДС се против одржување на истите.
Наместо реформи и кадровски промени во СДС, Филипче оди против сите и ја придвижува партијата кон исчезнување.
Ова е уште една потврда на добрата политика на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на недовербата од страна на граѓаните кон СДС, додаде Лефков.


