Леброн Џејмс откри што ќе прави по завршувањето на кариерата

Леброн Џејмс по завршување на играчката кариера не се гледа во улога на тренер. Не го интересира ниту позицијата на генерален директор, која неформално ја промовира секое лето кога неговите тимови го менуваат составот. Тој сака да биде исклучиво на врвот на пирамидата.

Во трејлерот за новата епизода од неговото ток-шоу „The Shop“, чија премиера ќе биде вечерва, најдобриот кошаркар на овој милениум во неколку наврати потврди дека сака да биде сопственик на клуб. Џејмс одамна ја откри својата амбиција да поседува НБА франшиза, а како што се приближува крајот на неговата играчка кариера, тие зборови добиваат се повеќе на тежина.

Сега тој прецизираше дека сака да биде сопственик на клуб во Лас Вегас, еден од најатрактивните американски маркети кој нема кошаркарска франшиза. Заедно со Сиетл, Лас Вегас според многумина е првиот фаворит за добивање на НБА тим, било со проширување на лигата или со преместување на постоечка франшиза.

Првиот човек на НБА лигата, Адам Силвер, неодамна потврди дека лигата ќе се прошири порано или подоцна, но дека се уште нема конкретни планови. Сепак, Џејмс не зборува за блиска иднина, со оглед дека му претстојат уште неколку години од играчката кариера.

10.06.2022 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега