ЛДП со осуда за скандалозната објава на Касами: „Македонија е мултиетничка држава“

Либерално-Демократската партија најостро ја осудува скандалозната објава на лидерот на БЕСА и градоначалник на Тетово, Билал Касами, во која на социјалната мрежа Фејсбук напиша „Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!“.

Од партијата велат дека во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности.

Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците.

„Како либерал-демократи секогаш приоритет ќе ни биде почитување и обезбедување еднакви права и можности за сите граѓани на Македонија“, велат од партијата.

Според нив, симптоматично е што оваа објава доаѓа само неколку недели по барањето за формирање Заедница на албански општини, по теркот на она што се договара за Косово, барање кое дојде од Алтернатива, уште една опозициска партија од албанскиот политички блок.

22.03.2023 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега