Лажна тревога во Капитол: Се запалил шатор на бездомници, пожарот експресно изгаснат

Портпаролот на противпожарната служба во Вашингтон изјави дека во близина на зградата Капитол Хил избувнал мал пожар, од запален шатор во кој живееле бездомници.

Пожарот бил изгаснат со брзата реакција на пожарникарите.

Зградата на американскиот Конгрес денеска беше блокирана поради „надворешна закана за безбедноста“. Сите учесници на пробата на инаугурацијата на Џозеф Бајден беа итно евакуирани кога се појави црниот чад зад зградата на Капитолот. Меѓутоа, набрзо се покажа дека пожарот е мал, а избувнал откако се запалил шатор под надвозникот во близина на Капитол.

Според извештајот на противпожарната служба, во пожарот нема повредени.

Два дена пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, Капитол Хил е повторно под аларм, но овој пат, за среќа, станува збор за лажен тревога.

Се уште е забрането влегување или напуштање на зградата, а учесниците на пробата за инаугурацијата на Џо Бајден беа евакуирани од зградата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа