Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

 

За Русија, апсолутно не е од значење дали западните земји ќе го признаат влегувањето на новите региони во нејзиниот состав, но покоректно би било кога би биле свесни за новата реалност, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„Апсолутно не е од суштинско значење. Секако, покоректно би било сите земји во светот да бидат свесни за новата реалност, која беше неизбежна. Тоа го потврдуваат огромен број правни аргументи, меѓу кои и Повелбата на Обединетите нации, која го воспоставува принципот на еднаквост и самоопределување на народите, како и декларацијата на Генералното собрание на ОН, која прецизно појаснува дека секој е должен да го почитува територијалниот интегритет на оние земји што имаат влади што го признаваат правото на самоопределување и го претставуваат целиот народ што живее на територијата на една земја“, изјави Лавров пред новинарите.

Според него, режимот на актуелниот претседател на Украина, Володимир Зеленски, како и на неговиот претходник Петро Порошенко, не ги почитува тие критериуми.

„Сега се реализира сценарио што го диктира самиот живот и кое се потпира на слободната волја на граѓаните“, вели Лавров.

Според него, повеќето земји сфаќаат дека Русија е во право.

„Ви гарантирам дека огромното мнозинство земји совршено разбираат дека сме во право. Не секој има храброст или сила објективно да зборува за тоа директно. Сигурен сум дека вистината ќе го најде својот пат“, изјави шефот на руската дипломатија.

Тој нагласи дека сега, во случај на референдуми во регионите ЛНР, ДНР, Запорожје и Херсон, се реализира сценарио кое се потпира на слободната волја на народот.

„Секакви други обиди, вештачка ескалација на конфронтацијата, вештачка мобилизација на антируските сили, закани и уцени – сето тоа е антиисториско“, рече Лавров.

04.10.2022 - 23:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега