Лавров: По авионската несреќа со украинските затвореници, Украина прогласи победа

 

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес-конференција по активностите во Обединетите нации. Лавров најмногу внимание посвети на вчерашното украинско соборување на авионот Ил-76 со украински затвореници.

Тој нагласи дека не е загрижен дали меѓународната заедница ќе и верува на Русија во врска со авионот и потсети на случајот со Буча.

„На Русија не и е грижа дали меѓународната заедница ќе и поверува во врска со авионот. Две години подоцна се уште нема факти од Буча“, рече тој.

Како што истакна, меѓународната заедница олицетворена во претставници на Западот и медиумите веќе ја докажа својата дискредитирана позиција.

„Воопшто не сум нервозен поради фактот што „меѓународната заедница“ можеби нема да верува“, нагласи рускиот министер.

Тој рече и дека во оваа прилика Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на ОН.

Според него, била договорена размена на заробеници меѓу Русија и Украина, но наместо тоа, Киев извршил напад врз авионот со ракети. Лавров додаде дека Русија сега ги утврдува фактите за падот на воениот транспортен авион со украински затвореници.

Украина не можеше да знае дека е планирана размена на затвореници во Белгородската област, посочи шефот на руската дипломатија.

Лавров на прес-конференција по учеството во активностите на Советот за безбедност на ОН рече дека нападот на авионот е уште еден пример за тоа како режимот во Киев користи терористички методи.

Рускиот министер го привлече вниманието на фактот дека Киев прогласи „уште една победа“ веднаш по падот на авионот, но набрзо, по расчистувањето на околностите, почна да ги турка овие најави под тепих, пренесува Спутник.

25.01.2024 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега