Лавров: Ќе размислиме дали ќе ги обновиме односите со Западот

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров кажа дека ќе размислат дали ќе ги обноват односите со Западот затоа што е убеден дека Москва мора да добие нешто ново во форма на обновени односи.

„Западот прво мора да прифати дека Русија постои. Не исчезна и убеден сум дека секоја година ќе биде се посилна. Кога Западот ќе понуди нешто ново во форма на обновување на односите, тогаш Русија ќе размислува за се“, рече Лавров, според светските агенции.

Зборувајќи за санкциите со кои се соочува Русија, Лавров посочи дека земјата мора итно да научи да биде независна од Западот.

24.05.2022 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега