Лавот во декември „ќе крпи крај со крај“, а овие знаци ќе добијат неочекувани приливи

Со оглед на тоа дека Декември е последен месец во годината, многумина се прашуваат како ќе излезат со финансиите на крајот од годината.

Еве што ќе ви донесе хороскоп на полето на финансиите во последниот месец од оваа 2021 година.

Овен

Месецот нема да ви започне добро, како константно да губите пари, а не можете да процените каде.  Ѕвездите ви предвидуваат ви предвидуваат расеаност, па можно е да загубите дури многу голема сума на пари или да заборавите да подмирите голем долг. Само бидете концентрирани и ќе го истуркате месецот без губиток.

Бик

Се однесувате како милијардери во месец декември. Ги сакате празниците и сакате да ги израдувате блиските луѓе, па во првите три недели од месецот ќе се фокусирате на купување на подароци и ситници. До 20 декември ќе трошите неодговорно, а до крајот на месецот може и едвај да скрпите крај со крај.

Близнаци

Веќе неколку недели размислувате за една ризична инвестиција, а декември ќе биде месецот кога ќе ви се оствари тоа. Клучен период ви е 19 декември кога Венера ќе ви биде ретроградена и ќе ви донесе измена во динамиката во однос на моќта. Ако некој вас од околината ве кочел кога е во прашање трошењето на парите, тој проблем ќе го решите токму тогаш.

Рак

Трошите малку повеќе од претходните месеци, па во декември треба малку да заштедите. Марс е во Стрелец и Меркур во Рак од 13 декември што ќе ви донесе многу смирен пристап, повеќе логика и размислување, па тогаш ќе припазите повеќе околу трошењето на пари.

Лав

Ве очекува голем трошок во декември, поврзан за автомобилите и животниот простор. Длабоко воздивнете и потрошете ги парите обезбедувајќи се себе си во следната 2022 година. Најдобро е тоа да го направите до 4 декември кога ќе има затемнување на сонцето, бидејќи тоа е совршен период за поставување нов почеток.

Девица

Ќе имате помалку пари од минатите месеци, но ќе успеете да ги исконтролирате сите ваши потреби. Кога ни пристигнуваат празниците сите трошиме на подароци, но вие сте едни од оние што подароците веќе ги имате однапред купено, а со ова и ќе изгубите пари особено до 15 декември.

Вага

Не ви беше сјајна година за пари и ќе морате да внимавате во декември. Заштедените пари полека ги трошите, но не се грижете вагите на крајот од месецот ги очекува неочекувана прилика да ги зголемат финансиите.

Скорпија

Имавте големи трошоци во ноември, затоа во декември ќе заштедите малку повеќе. Не се грижете, целиот месец ќе имате доволно пари и би требало околу 15-ти да добиете неочекувана добивка.

Стрелец

Бидејќи никој не сака да ги изненадува своите блиски како стрелците, вие ќе се истрошите во декември на семејството, пријателите, па дури и колегите. Во текот на целиот месец константно ќе трошите пари на ситници, украси и подароци, а ви доаѓаат и многу родендени. Само не претерувајте, мора нешто да остане и за вас.

Јарец

Додека сите околу вас ги фаќа празнична еуфорија, вие во декември ќе штедите и ќе се спремате за новата 2022 година. Ќе потрошите голема сума на пари на патување кое од секогаш сте го сакале. Ќе бидете рационални со парите, а ѕвездите ви предвидуваат и нова добивка која ќе биде добредојдена за вас.

Водолија

Бевте внимателни со парите цела година, па на крајот време е да се почестите. Венера на 19 декември  Венера го менува правецот и ќе донесе нов почеток за вас. Тоа е период кога ќе процените што сакате, а по овој датум особено ќе ви се исполни долго очекуваниот сон.

Риби

Финансиската состојба ви е подобра од претходните месеци. Ќе бидете стабилни во текот на целиот месец, но веќе планирате се што треба да набавите во 2022 година. Се што ќе заштедите ќе ви биде поврзано за домот.

29.11.2021 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега