Во државава најниската температура утрово во 7 часот е измерена во Берово и изнесуваше минус 3 степени, додека во Маврови Анови и на Попова Шапка беа измерени минус 1 степен. Нула степени се регистрирани во Битола и Скопје-Петровец, 1 степен во Струмица, Тетово и Крива Паланка, 2 степени во Прилеп, Куманово, Велес, Претор, Охрид и Штип, 3 степени во Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Крушево, а 4 степени во Виница, Кавадарци и Гевгелија.
На Попова Шапка снежната покривка изнесува 74 сантиметри.
Според прогнозата на Управа за хидрометеоролошки работи, претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека попладне облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд во северните и северозападните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, а максималната температура ќе се движи од 13 до 17 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а дневната температура ќе достигне до 17 степени.

