Close Menu
Press24
    Најново

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема романса за три знаци
    • Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики
    • САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан
    • Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот
    • Метео пресврт: Прво дожд и облаци, а потоа нè очекува голем скок на температурите
    • Ескалација во Иран: Бомбардирани престижни универзитети во Техеран и Исфахан
    • Во земја за цвеќиња скриле повеќе од 1,1 тон кокаин
    • Најновиот „портрет“ на Земјата: НАСА објавува нови фотографии од вселената
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе

    Лабудовиќ: Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе

    08.10.2025 во 11:202 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во современ Центар нема место за поделби – има место за луѓе. Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, истакна дека инклузивноста, човечката достоинственост и еднаквите можности ќе бидат основата на новиот модел на локално управување во Центар, се наведува во соопштнеито од ЗНАМ.

    „Центар мора да биде пример за општина која не остава никого зад себе. Ќе обезбедиме еднакви можности за сите – без исклучок. Ќе отвориме дневни центри за децата со попреченост, со современи услови и стручна поддршка, а ќе воспоставиме и програми за нивна целосна инклузија во образованието,“ изјави Лабудовиќ.

    Во фокусот на новите политики ќе бидат социјалната грижа и локалната економија – два стожери на човечка и функционална општина.

    Општината ќе спроведе проект за формирање дневни центри и „Сениор Центар“ за пензионери и ранливи категории, како и програми за поддршка на самохрани родители, лица со попреченост и бездомници.

    Дополнително, ќе се воведе и проект „Топол оброк“ за бесплатни или субвенционирани оброци за најзагрозените.

    „Грижата за најранливите не е само прашање на хуманост – тоа е прашање на визија и вредности. Општина што се грижи за најслабите е општина што расте со најсилните,“ потенцираше Лабудовиќ.

    Паралелно, тој најави силен фокус на локалниот економски развој и поддршката на малите и семејни бизниси, кои се двигател на Центар.

    Со формирање на општински фонд за мали и средни бизниси, Општината ќе обезбеди финансиска и советодавна помош за нови претприемачи, стартапи и занаетчии.

    Ќе се организираат саеми на локални производи, како и програми за модернизација на трговските улици и пазарите, за подобрување на условите за работа на малите стопанственици.

    „Центар има талент, има креативност и има можности. Нашата цел е младите да ја гледаат својата иднина токму овде – да основаат сопствени бизниси, да создаваат вредност и да останат во својата земја,“ изјави Лабудовиќ.

    „Нашата визија е едноставна – општина која не дели, туку спојува. Каде секој глас е слушнат, секој труд е вреднуван, и секој граѓанин чувствува дека припаѓа. Само така ќе создадеме Центар кој живее, дише и расте со сите нас,“ заврши Лабудовиќ.

    Со овие системски решенија, Центар ќе стане модерна, праведна и човечна општина – општина што ги штити вредностите, го поддржува развојот и создава можности за сите.

    Популарно

    Голема романса за три знаци

    03.04.2026 во 23:45

    Лимани ги посети дневните центри „Во Мојот Свет“ и „Блу Пазл“: Продолжуваме посветени на унапредување на социјалните услуги и развој на инклузивни политики

    03.04.2026 во 23:12

    САД со последна опомена: Американците веднаш да го напуштат Либан

    03.04.2026 во 22:52

    Драма на небото: Се урна уште еден американски воен авион, пилотот со брза реакција го спаси животот

    03.04.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.