Close Menu
Press24
    Најново

    Македонија пред туристички бум: Љутков во Анкара договори турски инвестиции во нашата инфраструктура

    24.03.2026 во 11:06

    ДУИ: Дали Владата работи во интерес на народот или неколку привилегирани компании?

    24.03.2026 во 11:01

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонија пред туристички бум: Љутков во Анкара договори турски инвестиции во нашата инфраструктура
    • ДУИ: Дали Владата работи во интерес на народот или неколку привилегирани компании?
    • Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%
    • Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€
    • (ВИДЕО) „Скапо ќе го платите ова“ – Џамбазов жртва на интернет криминал
    • Мицкоски: Владата навремено реагираше за ублажување на директните удари врз граѓаните и економијата
    • Енергетски шок во Словенија: Армијата помага со снабдувањето со гориво, цените вртоглаво растат
    • Ревизорите најдоа неправилности во работата на ДИК – Повеќе од 129 милиони денари пренасочени за политичко рекламирање
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

    Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

    25.10.2025 во 12:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за нов систем на енергетски ефикасни згради, кој ќе придонесе за подобрување на условите за живеење, зачувување на животната средина и разубавување на урбаното јадро на Општината.

    „Преку грантови од Општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Секоја зграда е дел од идентитетот и имиџот на нашата општина. Затоа, старите фасади ќе добијат автентичен и достоинствен изглед, што не само што ќе го разубави Центар, туку ќе им донесе на граѓаните подобра енергетска заштеда и помали сметки за греење ,“ изјави Лабудовиќ.

    Овој систем претставува дел од пошироката стратегија за зелена и одржлива општина, која предвидува не само визуелно унапредување, туку и долгорочна економска корист за жителите. Преку поставување фотоволтаични панели на покривите и модернизација на хидрантските и водоводните системи, ќе се овозможи значителна заштеда на енергија и вода, што е во согласност со најсовремените европски стандарди за енергетска ефикасност.

    „Центарци заслужуваат убав, сигурен и достоинствен живот. Со овие реконструкции, ќе го зачуваме духот на нашите згради, ќе го одржиме нивниот архитектонски карактер, а истовремено ќе му дадеме нова енергија на просторот каде живееме,“ нагласи Лабудовиќ.

    Проектот ќе се реализира во повеќе фази, почнувајќи од најстарите и најоштетени фасади, со цел секоја зграда да добие нов и, во исто време, енергетски ефикасен надворешен изглед. Покрај тоа, ќе се воведат и стимулации за управителите на згради и станбените заедници кои активно ќе се вклучат во процесот, со што ќе се поттикне колективната одговорност и партнерството меѓу Општината и граѓаните.

    Популарно

    Македонија пред туристички бум: Љутков во Анкара договори турски инвестиции во нашата инфраструктура

    24.03.2026 во 11:06

    ДУИ: Дали Владата работи во интерес на народот или неколку привилегирани компании?

    24.03.2026 во 11:01

    Народна Банка ја задржа основната каматна стапка на ниво од 4%

    24.03.2026 во 10:59

    Најскапиот стан во Македонија продаден за 166.500€ – Куќа за 1.500.000€

    24.03.2026 во 10:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.