Кузеска: Со изборот на Мизрахи во Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ

Со изборот на Рашела Мизрахи за член на Извршниот комитет се потврдува дека ВМРО ДПМНЕ е против интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија, изјави на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа вели дека составот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, скроен по желба на Христијан Мицкоски, има единствена цел да му ја спаси лидерската фотелја во белата палата.

„Мицкоски ја избра токму Рашела Мизрахи да го брани пред своите, пред членовите на ВМРО ДПМНЕ, истата која како министерка во техничката Влада ги спроведуваше деструктивните политики на Мицкоски, за што го прекрши Уставот и постоеше опасност да го загрози евроинтегративниот процес на земјата. Наместо да работи на обезбедување услови за фер и демократски избори, што е и главната е единствена функција на техничката Влада, Мизрахи спроведуваше евтин популизам, водена од партиските интереси и интересите на Мицкоски, за што и беше разрешена од Собранието на Република Северна Македонија“, рече Кузеска.

Додаде дека главната цел на Мицкоски, којашто се обидувал да ја реализира преку Мизрахи, била да се поткопа успехот на државата и да се загрози процесот за влез во Европската Унија.

СДСМ обвинува дека Мицкоски и неговиот Извршен комитет немаат намера да делуваат конструктивно, ниту сакаат државата да ја видат во ЕУ, туку единствена цел им е спас на Христијан Мицкоски и спроведување  наредби од Никола Груевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.09.2020 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега