Close Menu
Press24
    Најново

    Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата

    23.03.2026 во 09:58

    Шилегов: „Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за Пулс”

    23.03.2026 во 09:55

    Драма на естрадата: Сите се молат за Зорица Брунцлик – нејзината здравствена состојба е загрижувачка

    23.03.2026 во 09:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата
    • Шилегов: „Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за Пулс”
    • Драма на естрадата: Сите се молат за Зорица Брунцлик – нејзината здравствена состојба е загрижувачка
    • ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Башановиќ е „врската“ меѓу Заев и Ципрас за името и кој навистина командува во СДС
    • Куба во тотален мрак: Седми колапс на енергетскиот систем за 18 месеци, 10 милиони луѓе без струја
    • ВМРО-ДПМНЕ: Се намалува ДДВ-то на горивата, имаме конкретни мерки за подобар живот
    • Потресна исповед за Пулс: „Снаата отиде да се пораѓа, место среќа, го видов син ми починат”
    • Енергетски шок: Цената на нафтата вртоглаво расте
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    Кузеска: СДСМ бара одговорност за пожарите – граѓаните се трујат а неспособна власт ги лаже

    20.09.2025 во 12:522 Mins Read
    Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска остро ја нападна Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за, како што рече, „неспособност, лаги и свесно загрозување на здравјето и животите на граѓаните“.

    Повод за реакцијата е потврдата од Владата дека новите 400 пожарникари, кои беа најавени со голема помпа, сè уште не ја добиле ниту првата плата, и покрај тоа што веќе неколку месеци активно се ангажирани во општините.

    „Ова е потценување на граѓаните и грубо манипулирање со младите луѓе кои ризикуваат живот за време на пожари, а не добиваат ниту денар. Одговорноста е директно кај Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска.

    Според неа, додека народот се гуши во канцерогени честички и се соочува со еколошка катастрофа, власта не само што не презема мерки, туку и лаже.

    Кузеска потсети и на пожарот во депонијата во Трубарево, посочувајќи дека граѓаните на Скопје „вдишувале олово, арсен и кадмиум“, додека, како што рече, владата молчела, без да алармира, без препораки и без заштита за населението.

    „Лично Мицкоски тврдеше дека загадувањето не било големо. Ова не е само неспособност – ова е свесно загрозување на здравјето и животот на луѓето“, порача Кузеска.

    СДСМ бара итна одговорност од Владата и најавува дека оваа тема ќе ја отвора на сите нивоа, со цел, како што велат, да се спречи понатамошна штета и да се заштитат граѓаните.

    Популарно

    Пиварa Скопје добитник на Andrew David Cup 2025 – најпрестижното призние воCoca-Cola HBC Групацијата

    23.03.2026 во 09:58

    Шилегов: „Сите во државава се виновни, освен кочанските обвинители за Пулс”

    23.03.2026 во 09:55

    Драма на естрадата: Сите се молат за Зорица Брунцлик – нејзината здравствена состојба е загрижувачка

    23.03.2026 во 09:53

    ВМРО-ДПМНЕ прашува: Дали Башановиќ е „врската“ меѓу Заев и Ципрас за името и кој навистина командува во СДС

    23.03.2026 во 09:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.