Кузеска: Платите и пензиите повторно ќе растат, 2023 година ќе биде подобра
„2022 година беше година на предизвици и справување со последиците од глобалната економска и енергетска криза.
Благодарение на навремените и ефикасни мерки преземени од Владата предводена од СДСМ, успеавме да го заштитиме животниот стандард на граѓаните и да им помогнеме на компаниите“, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Во оваа, 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе бде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат, вели Кузеска.
Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.
Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари.
Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори.
Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто.
Активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност“, потенцираше Кузеска.
02.01.2023 - 12:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа