Кузеска: Нарачаните анкети на ВМРО ДПМНЕ се манипулација за личен спас на Мицкоски

П: Како ја коментирате последната анкета на ИПСОС каде се наведува дека опозицијата наводно имала предност пред власта и дали ова би допринело кон зголемен притисок од опозицијата за предвремени избори?

 

Ова е само уште еден доказ за обидите за блокади на Христијан Мицкоски, но и за манипулации. 

 

Целата македонска јавност имаше можност да види како се спроведуваат анкетите коишто се по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ. Но, како и да е ова е уште еден доказ за паниката кај Христијан Мицкоски и неговата нервоза поради фактот дека секојдневно неговиот рејтинг опаѓа, соочен со фактот дека и фотелјата во белиот дворец не е сигурна и соочен со фактот дека изборите кои ќе се одржат 2024 година дефинитивно тој ќе ги загуби. 

 

Токму затоа Мицкоски нарачува вакви анкети и затоа тој брза, дури и по цена на штета на граѓаните.

Центар за комуникации со јавноста СДСМ 

15.05.2022 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега