Кузеска: Имаме предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

„Како што беше ветено, предлог на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се. Клучно за нас во овој предлог е дека се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист Македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес“ порача на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа напомена дека „потонати се во вода сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација. Таква работа ниту имало ниту ќе има. И не може да има со чист Македонски јазик во ЕУ. Започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет“.

„Мицкоски сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести. Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега. Со тоа само се потврдува дека Мицкоски нема државнички капацитет, ниту пак има интерес за конструктивен дијалог, туку тој сака единствено да го наметне својот недржавнички став. Се што Мицкоски прави и на домашен и на надворешен план е предизвикување штета врз државните интереси и позиции“ порача Кузеска.

Смета дека „деструктивното однесување на Христијан Мицкоски во однос на евроинтеграциите и прашањето со Бугарија се коси со секоја логика“.

02.07.2022 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега