Курти: Формирањето тимови за преговори со Белград не ми е приоритет

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти изјави денеска дека формирањето на тим за продолжување на преговорите со Белград нема да биде меѓу неговите приоритети во случај по неговата партија на изборите во Косово тој да обезбеди гласови за да стане нов премиер.

-За да продолжиме натаму мораме да воспоставиме јасни принципи на дијалог и искрен и сериозен пристап така што Косово и Србија јасно ќе си ги пренесат своите барања, изјави Курти во интервју за Асошиејтед прес.

Рече дека ппремиерот силно ќе работи за Косово да стане членка на Европската унија, но побара и од Унијата да испрати пакет економска помош за да го олесни патот кон членство на земјите од Западен Балкан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.02.2021 - 22:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега