Купувал гуми од сервис лажејќи дека е сопственик на „рент а кар“ фирма и добил кривична

 

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.Г.(34) поради измама.

„На 14.10.2022 во сервис за возила, пријавениот, претставувајќи се како сопственик на рент а кар фирма, со сопственикот на сервисот склучил договор за продажба на гуми за неговите возила, а плаќањето да биде на фактура. Во периодот од 14.10.2022 до 07.11.2022 пријавениот во неколку наврати со различни возила доаѓал во сервисот, каде купувал и менувал гуми и за тоа лично примил и потпишал шест фактури, но не платил ниту една“, велат од МВР.

06.06.2023 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега