Close Menu
    Најново

    Традиционално дарување: Министерот за здравство и сопругата на премиерот ќе ги посетат бебињата на ГАК и во Чаир

    01.01.2026 во 09:30

    На денешен ден почина Киро Глигоров: 14 години од смртта на првиот претседател на независна Македонија

    01.01.2026 во 09:28

    Женско е првото родено бебе во 2026: На Клиниката за гинекологија и акушерство точно на полноќ се роди принцеза

    01.01.2026 во 09:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Традиционално дарување: Министерот за здравство и сопругата на премиерот ќе ги посетат бебињата на ГАК и во Чаир
    • На денешен ден почина Киро Глигоров: 14 години од смртта на првиот претседател на независна Македонија
    • Женско е првото родено бебе во 2026: На Клиниката за гинекологија и акушерство точно на полноќ се роди принцеза
    • Хаос пред Нова година: Патот Струга – Ќафасан блокиран повеќе од 24 часа, превртена цистерна го запре сообраќајот
    • Фон дер Лајен: Шпанија стана економска сила, а Португалија пионер во иновации – 40 години од проширувањето кон југот
    • Седум лица повредени во судир кај Желино: Меѓу настраданите и две мали дечиња, возачот на „БМВ“-то со тешки повреди
    • Историска исправка на „Св. Апостол Павле“: Аеродромот доби имотен лист по 60 години функционирање без документи
    • Со една лиценца покривале 16 клубови: Кривична пријава за фирма од Кадино и нејзиниот управител
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

    Куманово со најмногу гласачи 94 041, Лозово со најмалку 1905, ќе се гласа на 3474 избирачки места

    18.10.2025 во 09:47
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1 832 415 гласачи, од кои 1 717 803 во земјата и 112 илјади запишани во посебниот избирачки список со лица во странство, 2 162 затвореници или во притвор и 450 гласачи во старските домови. Гласање во дијаспората нема, но доколку лицата кои се на привремена работа или живеат во странство допатуваат во земјата ќе можат да го остварат своето право на глас. 

    Во Градот Скопје вкупната бројка на гласачи е 474 304 илјади. Од општините најмногу граѓани со право на глас има во Куманово – 94 041, во Гостивар 82 893, Тетово 87 878, Битола 77 253, скопски Аеродром 68 772, Струга 62 711 и Прилеп со 62 053 гласачи. Најмалку, пак, има во Лозово 1905, во Вевчани 2092, Новаци 2429, во Конче 2716 и во Ранковце 2921 гласач. 

    Според Изборниот законик се гласа на 3480 избирачки места, но годинава имаме шест избирачки места каде што нема население, па така ќе се гласа на 3 474 избирачки места. Според информациите на МИА од ДИК, 125 избирачки места се со помалку од 10 гласачи кои ќе го остварат своето право на глас во најблиското гласачко место. Осум избирачки места имаат по десет гласачи, шест со по 11, 18 со 12 гласачи, а три со по 13 гласачи…

    Најбројно избирачко место во земјата е во Бутел. Станува збор за избирачкото место 2915 со 1432 гласачи. Во 70 избирачки места има над илјада гласачи, и секаде каде што имало можност поради функционалност на гласањето, избирачите се распоредени во соседни избирачки места.

    Најстариот гласач во земјава запишан во Избирачкиот список е роден 15 мај 1918 година, додека најмладиот кој ќе има можност да гласа ќе стане полнолетен на самиот ден на гласање на 19 октомври. 

    Вкупен број на гласачи со 18 години запишани во Избирачкиот списокот е 25 603.   

    Локалните избори 2025 се осми од независноста на државата, а четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Ќе се гласа за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.

    На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. 

    Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.

    Популарно

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    ЈСП од утре ќе работи редуцирано: Ова е точниот распоред

    31.12.2025 во 09:28

    Хорор во регионот: Силна експлозија ОДЕКНА пред училиште

    30.12.2025 во 10:43

    МВР со полни раце работа пред Нова година: Фатен „рекордер“ со 3,04 промили на експресен пат

    31.12.2025 во 10:50
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.