Close Menu
Press24
    Најново

    Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници

    28.10.2026 во 13:14

    Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем

    28.10.2026 во 13:09

    Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село

    28.10.2026 во 13:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
    • Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
    • Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
    • Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски заедно со колегите и илјадници граѓани повторно ги засукаа ракавите: Да оставиме пример, не ѓубре
    • Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Куманово по невремето: Извлечено заглавено лице од автомобил, паднати повеќе од 100 дрвја

    Куманово по невремето: Извлечено заглавено лице од автомобил, паднати повеќе од 100 дрвја

    22.07.2026 во 12:152 Mins Read
    ФОТО: Сообраќај Куманово
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кризниот штаб на Општина Куманово одржа седница по силното невреме што вчера го зафати градот и околината, при што беа сумирани првичните информации од сите надлежни институции.

    Службите работеа во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринава, а приоритет беа расчистувањето на сообраќајниците, отстранувањето на опасните дрвја и санацијата на штетите.

    Секретарката на Општина Куманово, Емилија Сладарис Јаневска, истакна дека општинските тимови брзо реагирале на терен:

    „Благодарение на екипите на ЈП „Чистота и зеленило“, Територијалната противпожарна единица, Дирекцијата за заштита и спасување и останатите служби, брзо се интервенираше на терен и се расчистуваа последиците во текот на вчерашниот ден, ноќта и утринските часови“, изјави Јаневска.

    Таа додаде дека централното градско подрачје веќе има струја, додека екипите на ЕВН продолжуваат со санација во приградските населби и селата.

    Општата болница во Куманово функционира непречено откако беа отстранети паднатите дрвја од дворот и беше воспоставено снабдувањето со електрична енергија.

    Командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски, соопшти дека пожарникарите реализирале повеќе од дваесет интервенции за отстранување на покриви, дрвја и испумпување вода:

    „Најголем дел од интервенциите беа за отстранување на откорнати лимени кровови, расчистување на паднати дрвја и гранки, како и испумпување на вода од поплавени подруми и објекти. Имавме и интервенција за извлекување лице заглавено во автомобил поради надојдена вода на крстосницата на улиците „Доне Божинов“ и „Октомвриска револуција“, но за среќа немаше посериозни последици“, изјави Станковски.

    Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Томиќ, посочи дека се евидентирани над 100 паднати дрвја на јавни и приватни површини, а приоритет биле блокираните улици и тротоари.

    „Работиме по приоритети. На одредени локации мора да почекаме ЕВН да ја исклучи електричната енергија, а полицијата да изврши увид пред да можеме безбедно да ги отстраниме паднатите дрвја или лимените конструкции“, нагласи Томиќ.

    Во расчистувањето на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во координација со ЈП „Македонија пат“, се вклучија и осудени лица од КПУ Затвор Куманово.

    Од Електродистрибуција информираа дека нивните екипи работат без прекин до целосно нормализирање на мрежата, додека надлежните оценија дека станува збор за едно од најсилните невремиња во Куманово во последните децении.

    Прочитај повеќе

    Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници

    28.10.2026 во 13:14

    Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем

    28.10.2026 во 13:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.