Вчера во 11:22 часот полициски службеници од СВР Куманово на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово го лишиле од слобода Д.С. (46) од Куманово.
При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле мотоцикл „кимко“, управуван од Д.С. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
- Мицкоски денеска во УХМР: Ќе се запознае со инвестициите и модернизацијата
- Пеколни 38 степени, а потоа невреме: Град и силен ветер ја зафаќаат Македонија
- Стратегија што дава резултати: Истото јадење секој ден може да помогне во слабеење
- Метеоролозите предвидуваат „невиден“ Ел Нињо: 2027-ма ќе биде најтоплата година досега
- ЦУК: Во државата активни седум пожари, два под контрола
- Сиљановска Давкова: Родово-одговорното буџетирање нужност при утврдувањето на државните приоритети
- Лебарките не можат да го поднесат ова: Само ставете го во кујната и ќе избегаат
- Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието



