Кумановец физички нападнал вработен во МВР


Кумановец нападнал вработен во МВР во просториите на отескот за управни работи Куманово.

Вчера во 10:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле Н.П.(42) од село Табановце, Кумановско затоа што во просториите на отсекот за управни работи Куманово физички нападнал еден вработен, кој извршувал службени дејствија.

 

Н.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, информираше полицијата.

27.02.2024 - 11:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега