Кумановци се изјаснуваат „за“ или „против“ воведување бесплатен градски превоз

Кумановци имаат можност преку анкета да се изјаснат дали се заинтересирани за воведување на бесплатен јавен превоз во период на енергетска криза.

Анкетата ја објави градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој информираше дека во тек се интензивни разгори и координации со Светот, со фирмите вршители на јавниот градски превоз во градот за можност од воведување на целосно бесплатен јавен превоз во градот за сите граѓани на сите 26 градски линии.

– Ваквата услуга би се субвенционирала од општинскиот буџет за 2023 година, рече Димитриевски.

Граѓаните имаат различно мислење, дел сметаат дека можноста е добра и ќе заштеди од семејните буџети, други пат велат дека ништо не е бесплатно и дека сметката ја плаќаат самите граѓани.

Димитриевски најавува дека ќе излезе со конкретно предлог решение кое треба да помине на Советот при гласање на годишна програма и буџет.

29.11.2022 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега