Кумановчанец заврши во болница - со „бмв“ излетал од патот

 


Вчера во 23.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот  пат во с.Проевце, кумановско, патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано  од Д.Т.(49) од село Вак`в, кумановско излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.. 

28.10.2024 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега