Close Menu
Press24
    Најново

    2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат

    06.03.2026 во 23:42

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак

    06.03.2026 во 22:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 2 хороскопски знаци кои до пролет ќе се збогатат
    • Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци
    • Што ја прави секоја жена посебна и незаменлива според хороскопскиот знак
    • Израел со силен воздушен бран во Бејрут
    • Иран: Европа и другите земји ќе бидат легитимни цели на напад ако се приклучат на САД и Израел
    • Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник
    • Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“
    • Битолски водовод: Чистењето на улиците се врши веднаш по санирање на дефектите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Културна дипломатија во Крушево: Љутков и Селаковиќ потпишаа нова, „Програма за соработка во културата 2026–2030“

    Културна дипломатија во Крушево: Љутков и Селаковиќ потпишаа нова, „Програма за соработка во културата 2026–2030“

    28.01.2026 во 16:491 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, денес во Крушево оствари средба со својот српски колега, Никола Селаковиќ. На средбата беа потенцирани одличните односи меѓу двете држави, со акцент на пријателството, традицијата и континуираната културна соработка.

    Двајцата министри потпишаа и нова, „Програма за соработка во културата 2026–2030“ која  беше посочена како рамка за понатамошно продлабочување на културните врски меѓу двете земји.

    Во фокусот на разговорите беше  улогата и успешното работење на македонскиот културен центар во Белград,  каде во пресрет на одбележувањето на  30 годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете држави, оваа година,  е најавена   реализација на повеќе културни проекти меѓу кои „Форум за културна дипломатија“, изложби и  музичка програма инспирирана од народната традиција.

    На средбата беше разгледана и континуираната поддршка на македонската заедница во Србија и српската заедница во Македонија, како и  заедничките активности во рамки на Форумот на словенските култури,  со проектот „100 словенски романи“ и музејската работилница која е планирана да се одржи во септември 2026 година во Охрид.

    Министрите Љутков и Селаковиќ, престојот во Крушево го искористија за посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот.

    Популарно

    „Вашингтон пост“: Москва му предава координати на американската морнарица на Техеран

    06.03.2026 во 21:22

    Трамп: Иран не мора да биде демократија, важно е да биде сојузник

    06.03.2026 во 22:09

    Сите ги сакаат: Трите најпопуларни хороскопски знаци

    06.03.2026 во 23:15

    Цените на нафтата во нагло качување: Блискиот Исток го блокира клучниот „енергетски крвоток“

    06.03.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.