Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

 

 

На ексградоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ му е одреден куќен притвор од страна на Кривичниот суд, пишува „Макфакс“.

Според „Макфакс“ одредени се и четири ефективни притвори, од кои еден е за експретседателот на Советот на општина Центар, Владимир Здравев и на неговиот брат, Александар Здравев, третиот е за Игор Секуловски, и четвртиот за Љупчо Бакев.

Здравев при апсењето беше затекнат на граница, а Тодоровиќ на аеродром.

Во истрагата на обвинителството „Феникс“ опфатени се 15 физички и 7 правни лица, меѓу кои еден италијански државјанин и три италијански компании. Се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење на пари за изработка на најголемите споменици од „Скопје 2014“.

Воинот на коњ, спомениците на Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, прво заседание на АСНОМ и споменик за основачите на ВМРО и лавовите.

Истрагата ја води обвинителот Љубомир Лапе.

30.06.2023 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега