Куче влегло во основно училиште и каснало три деца во Белград

 

Денеска во попладневната смена, за време на долгиот одмор, во основното училиште „Франс Прешерн“, Белград, куче влегло во училишната зграда и каснало три деца.

Според изворот на Нова.рс, децата плачеле, а итната помош веднаш излегла на местото на инцидентот за да им пружи лекарска помош на децата.

Кучето наводно влегло во зградата за време на големиот одмор, некои деца го хранеле, а тоа наеднаш почнало да ги гризе. Соговорниците на порталот додаваат дека родителите се бесни, а посочуваат дека во ова училиште нема ниту училишен полицаец.

Неодамна слично нешто се случи во основното училиште „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац, на часот по физичко, кога момче беше каснато од неколку кучиња скитници.

27.03.2023 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа