Скопската полиција бележи серија тешки физички пресметки изминатото деноноќие.
На 10.03.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, С.Е.(26) од с.Студеничани, скопско, пријави дека на 09.03.2026 околу 22:30 часот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од три лица, кои употребиле тврди предмети и остар предмет, при што му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2026 во 13:30 часот во СВР Скопје, од здравствена установа на подрачјето на Карпош е пријавено дека на 09.03.2026 околу 22:50 часот пациентот Б.Ш.(40) од Велес агресивно се однесувал и упатил закани кон вработени лица во установата, а оштетил и дел од инвентарот и се обидел да побегне. Набргу, полициски службеници го пронашле и бил задржан во установата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2026 во 11:45 часот во СВР Скопје, вработена од здравствена установа на подрачјето на Центар пријави дека, додека извршувала работни задачи, била физички нападната од едно лице, кое ѝ упатило и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 10.03.2026 во СВР Скопје, Ш.Ќ.(35) од с.Чајлане, скопско, пријави дека во с.Семениште, скопско, бил физички нападнат од Ј.С. и С.Ј., кои употребиле и тврди предмети и му нанеле тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а го оштетиле и неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

