Серија тешки сообраќајни инциденти ја одбележаа ноќта во Тетово, а во еден од нив настрадаа и полициски службеници.

Во 00:54 часот, полицијата го уапсила 19-годишниот А.З. од Порој. Тој пијан, со 1,68 промили алкохол, управувајќи „Голф“ удрил во рабник на улицата „Иво Рибар Лола“. Драмата продолжила во тетовската болница каде, додека му укажувале помош и земале крв за анализа, тој физички ги нападнал полицајците. Ќе одговара за „безобѕирно управување со моторно возило“ и напад врз службено лице.

Само еден час подоцна (01:50 часот), тешка несреќа се случила на улицата „Браќа Миладиновци“. Возило „Голф“ управувано од 22-годишниот А.М. од Шемшево излетало од патот. Епилогот е страшен – возачот и неговата 17-годишна сопатничка од Љубин се здобиле со тешки телесни повреди и се итно пренесени во Клиничката болница Тетово.

Exit mobile version