Ученик во италијанскиот град Сора е тешко повреден откако денеска бил избоден со нож пред самото училиште каде што учел. Нападот се случил по жестока расправија меѓу двајца млади мажи пред влезот на Уметничкото училиште, пренесуваат италијанските медиуми.
Како што јавува агенцијата „Анса“, напаѓачот прво му се заканувал на ученикот, а потоа со остар предмет му нанел сериозна повреда во пределот на вратот. Жртвата веднаш е пренесена во болница каде му се укажува итна медицинска помош.
Напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот, а италијанските карабињери веќе започнаа опсежна потрага за негово пронаоѓање. Полицијата работи на утврдување на идентитетот на сторителот и причините за крвавиот судир.

