Шеснаесетгодишно момче се наоѓа во животна опасност откако било прободено со нож во грбот во германскиот град Херфорд.

Инцидентот се случил во споредна улица, во непосредна близина на локалниот божиќен пазар, потврдија од полицијата за магазинот „Шпигел“. Повредениот тинејџер веднаш бил пренесен во болница на интензивно лекување.

Случајот го презеде Одделот за убиства, кој апелира до сите можни сведоци кои биле во близина на пазарот да споделат информации што би помогнале во расветлување на настанот.

Exit mobile version