Европската Унија има намера да им каже на авиокомпаниите дека последиците од војната со Иран врз туризмот не се доволно сериозни за да оправдаат вонредни мерки, како што е укинување на обврската на превозниците да плаќаат надомест за откажани летови, според нацрт-упатствата на ЕУ што ги виде Ројтерс.
Европските авиокомпании досега во голема мера успеаја да се справат со кризата, со финансиска заштита од промени на цените што ги ублажуваат трошоците, иако цените на авионското гориво се зголемија за речиси 84% од почетокот на американско-израелската војна со Иран на 28 февруари, соопшти агенцијата.
Сепак, превозниците предупредуваат дека може да се појават недостатоци во наредните недели.
- Сегашната ситуација не укажува на потреба од посебни мерки за туристичкиот сектор, за разлика од периодот на кризата со Ковид-19 – се вели во нацрт-упатствата насочени кон авиоиндустријата и патниците.
Во документот се додава дека во оваа фаза, достапните податоци покажуваат дека целокупните влијанија врз туризмот остануваат ограничени, додека побарувачката е генерално стабилна.
Досега не се пријавени недостатоци на керозин во Европската Унија.
Европа увезува околу 75 проценти од својот керозин, главно од Блискиот Исток.
Портпаролот на Европската комисија одби да коментира за документот, кој би можел да биде изменет пред објавувањето утре, според Ројтерс.


