ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Пријавените, како концесионери на Шумско- стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.
Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари по редовен ценовник или 2.037.700 денари по оштетовен ценовник.
Актуелно
- Маж од САД нападнал полицајци во Македонија
- Европскиот парламент го одложи спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД
- Шведско-македонската стопанска комора отвора канцеларија во Кисела Вода: Нови можности за локалниот бизнис
- Минчев – Рокас: Зајакнување на мерит-системот и институционалната одговорност
- Падна договор меѓу Владата и угостителите: Нови правила за пушење во кафеаните – eве каде ќе смее да се пуши
- Фудбалскиот свет е завиен во црно: Фудбалер почина по последниот судиски свиреж
- Југословенскиот индустриски гигант се затвора: 800 работници ќе останат без работа, катанец на врата по 60 години
- „Постојано сум покрај неговиот гроб…“: Се огласи и Карлеуша


