Кривична за Коцевски - Цветановски тврди дека ја злоупотребил функцијата
Обвинителот од Вишото јавно обвинителство, Јован Цветановски, против кого е поведена дисциплинска постапка, во изјава за Република тврди дека постапката иницирана од јавниот обвинител Љупчо Коцевски е неоснована.
– Во предлогот за дисциплинската постапка нема навод за каква крупна професионална грешка станува збор, како што бараат законските одредби, вели Цветановски.
Според него, постапката е поведена под изговор на дисциплински прекршок според член 91, алинеја 6 од Законот за јавно обвинителство, каде што како тешка дисциплинска повреда се смета ако јавниот обвинител намерно и неоправдано направи крупна професионална грешка.
- Од образложението на предлогот на Коцевски за поведување на дисциплинска постапка нема навод за каква крупна професионална грешка се работи, а ова го тврдам врз основа на фактите кои се во предлогот, моето постапување и Законот за кривична постапка како и Законот за јавно обвинителство, а врз основа на кои може да се поделат на три основи – Изготвениот извештај не е правно релевантен бидејќи е изготвен согласно Правилникот за вршење надзор и како таков е плод на отровно дрво и не може да се користи како акт за утврдување на било каква состојба, особено не за утврдување на дисциплинска одговорност. Потоа следниот основ – истиот е изготвен од два јавни обвинители кои во моментот имале конфликт на интерес и не смееле воопшто да се впуштат во надзор над работењето на ВЈО Скопје, особено не на предметите во кои јас сум постапувал и тоа за период опфатен за две години, кој не е предвиден во правилникот. И како трето и круцијално во извештајот за надзор од страна на еден од тројцата јавни обвинители има јасен заклучок дека во постапувањето особено на овие четири премети од моја страна како обработувач на предметите сум постапувал непристрасно, професионално и законито, што значи ИЗВЕШТАЈОТ има различни мислења – додава Цветановски.
Цветановски иницирал кривична постапка против Коцевски, затоа што смета дека со своето постапување државниот обвинител ја загрозува самостојноста и одговорноста на јавен обвинител во вршењето на функцијата на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје.
- Бидејки Коцевски, како републички јавен обвинител, наместо да ги штити јавните обвинители во насока на било каков притисок врз нивното работење, тој грубо ја злоупотребува својата фунција, постапувајки спротивно на член 3 од Законот за јавното обвинителство и непочитувајќи ги принципите на хиреархија и субординација, ја загрозува самостојноста и одговорноста на јавен обвинител во вршењето на функцијата на јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, иницирав кривична постапка со поднесување на кривична пријава до ОЈО за ГОКК против Љупчо Коцевски и двјаца членови од работната група кои вршеа надозор, за што е известен и Советот на јавните обвинители, а се со цел преку оваа кривична постапка да се спречи во иднина ваков вид на злоупотреба на своите овластувања од страна на републичките јавни обвинители, завршува Цветановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа