Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против четири лица поврзани со вчерашната трагична сообраќајна несреќа на улицата „Народен фронт“, во која животот го загуби 79-годишната Љ.Ј. од Скопје. Осомничениот возач, 18-годишниот С.С., заедно со неговиот татко Б.С. (45), ја напуштиле државата веднаш по несреќата.

Истрагата утврдила дека вчера околу 11:30 часот, С.С. управувајќи „фолксваген пасат“, удрил во жената и побегнал без да ѝ укаже помош. Полицијата го лоцирала возилото преку системот „Безбеден град“ и камери од околни објекти, по што истото било пронајдено пред домот на сопственикот (таткото на возачот).

Во бегството на таткото и синот им помогнале лицата Ш.П. (45) и А.Ј. (53), кои се веќе лишени од слобода и се соочуваат со кривична пријава за „помагање на сторител во извршено кривично дело“. Полицијата ги заплени и „пасатот“ со кој е извршено делото и „мерцедесот“ со кој осомничените избегале. По возачот и таткото е распишана потерница.

Exit mobile version