СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
- Вучиќ не губи време: Нова тура српски патници заглавени од ОАЕ слетаа во Белград
- Изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ почнува за околу 40 дена – Се решава голем проблем на повеќе од 100.000 граѓани
- Израел: Ќе го елиминираме наследникот на Иран
- ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Безобразно е да користите трагедија за политички поени
- СДСМ бара оставка од Тошковски по трагедијата во Карпош
- Стигна првата тура евакуирани патници: Србите се солидаризираа и товарија Македонци од Израел
- ВМРО-ДПМНЕ: СДС водеше антидржавничка политика за остварување на бизнис интереси
- ВМРО-ДПМНЕ: Откако ја водиме владата, македонската економија со позитивен раст на БДП


