СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.
С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот.
Актуелно
- Израелски воени авиони пресретнале авион на компанијата Wizz Air
- МО: Шугата не потекнува од велешката касарна, досега се регистрирани четири лица
- Акција во затворот „Скопје“: Пронајдени мобилни телефони и недозволени предмети кај осудениците
- 11-годишно дете од Штип итно пренесено во Скопје откако со велосипед удрило во дрво
- Барселона одби 30 милиони долари за Бернал
- „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски
- Царинските службеници на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево спречија увоз на цигари во вредност од над 700.000 динари
- Илон Маск ќе ја населува месечината


