Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична пријава против стружанец и компанија за даночно затајување од над 4,5 милиони денари

    Кривична пријава против стружанец и компанија за даночно затајување од над 4,5 милиони денари

    04.09.2026 во 11:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против сопственик и управител на фирма од Струга, како и против самото правно лице, поради сомневање за даночно затајување со кое државниот буџет бил оштетен за повеќе од 4,5 милиони денари.

    Пријавата е поднесена до Основното јавно обвинителство Струга против лицето Б.З. за кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.

    Според наводите од Финансиската полиција, првопријавениот, со намера да стекне противправна имотна корист, не ги прикажал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 30.946.170 денари. Овие обврски биле прикажани во бруто-билансот за 2025 година, но биле застарени согласно Законот за облигационите односи и за нив не биле поведени судски постапки.

    Со неприкажувањето на оваа даночна обврска во даночниот биланс за 2025 година, не бил пресметан и платен данок на добивка од 10 отсто во износ од 3.094.617 денари.

    Дополнително, во книговодството биле евидентирани дадени позајмици кон физички лица од 14.254.665 денари кои не биле вратени до крајот на годината. Средствата не биле прикажани како непризнаен расход, со што останал неплатен уште еден данок на добивка во износ од 1.425.467 денари.

    Со овие дејствија, според инспекциските nalogи на Финансиската полиција, пријавените го оштетиле Буџетот на државата за вкупно 4.520.084 денари.

    Прочитај повеќе

    39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово

    06.10.2026 во 23:23

    Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција

    06.10.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.