СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 3 од Кривичниот законик.
„На 15.11.2026 околу 02:00 часот, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во неговиот автомобил, пријавениот во возилото физички ја нападнал неговата 26-годишна девојка од охридско. Откако го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
Преземени се мерки и набргу по настанот, во 05:05 часот К.К е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Додека, по барање на ОЈО, Основен суд во Охрид донесе решение и му изрече мерки на претпазливост.
Во врска со настанот, на 15.11.2026 во 08:50 часот во СВР Охрид, Љ.К.(51) од Охрид, мајка на К.К., пријави дека Љ.Ѓ.(49), татко на девојката, на мобилен телефон упатил закани на нејзиниот син К.К. и на целото семејство, по што истиот ден во 13:20 часот во Охрид и тој е лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него, исто така, ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од МВР.
- Кривична пријава против насилникот од Охрид, кој ја претепа неговата девојка и ѝ нанесе тешки телесни повреди
- Ормускиот теснец под закана од мини: Иран тврди дека потонале шест танкери
- Полицијата со детали за нападот врз Сара: Осомничениот доби мерки на претпазливост
- Мицкоски од Брисел: Продолжуваме со реформите, но и со заштита на националните интереси
- Претреси завршија со апсења – Полицијата приведе две лица
- Братот на претепаната Сара: „Татко ми го задржаа во полиција, а напаѓачот е на слобода“
- Македонец уапсен во Белград: Осомничен дека пукал во поранешен водач на навивачите на Партизан
- (ФОТО) Вандализам во Скопје: Запалени четири контејнери

