Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Масовни протести во Франција – Затворени музеи и институции, распоредени 70.000 полицајци
    • Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед
    • 19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
    • Полициска акција низ Скопје: Уапсени седум скопјани и турски државјанин со марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага
    • Македонија на Јуниорскиот Евросонг: Гласајте за Ана Стојаноска
    • Постапка за измами на граѓани со „кубански вакцини“ – претреси на повеќе локации
    • Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан
    • Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Критичните минерали стануваат приоритет за државите – Македонија ја чека реализацијата на Иловица

    Критичните минерали стануваат приоритет за државите – Македонија ја чека реализацијата на Иловица

    11.08.2026 во 16:274 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сè поголем број западни држави користат јавни средства за да го поттикнат развојот на рударски проекти за критични минерали. Причината е стратешка – зависноста од Кина за суровини потребни за технологијата, енергетиката и одбранбената индустрија претставува сè поголем ризик.

    Американскиот Центар за стратегии за критични минерали во својот последен извештај предупредува дека недоволното финансирање е една од главните пречки за реализација на нови проекти во западните земји. Оттаму апелираат владите да ја зголемат финансиската поддршка за ископот и преработката на критични минерали.

    Во Македонија, пак, проблемот е поинаков. Земјата располага со минерални ресурси и има заинтересиран приватен капитал, но проектот за бакар во Иловица и понатаму не е реализиран.

    Така, во време кога државите ширум Западот вложуваат јавни средства за да привлечат приватни инвестиции во критичните минерали, Македонија сè уште не го искористува ниту веќе најавениот приватен капитал за една од своите најголеми потенцијални рударски инвестиции.

    „Стратешката важност на критичните минерали повеќе не е тема за дискусија. Иницијативите низ западниот свет и последователните изјави на лидерите на Г7 отидоа многу подалеку од препознавањето на предизвикот за склопување на нови партнерства, сојузи и механизми за финансирање. Но, на крајот на краиштата, оваа геополитичка трка за ресурси со висок ризик нема да се добие само преку соопштенија или нови институции. Ќе ја добијат земјите кои ќе можат да мобилизираат капитал со брзината и обемот потребен за да се префрлат стратешки важните проекти во производство и да се поврзат со отпорни синџири на снабдување во производството“, се истакнува во Извештајот.

    Претходно, повеќе домашни експерти повикаа Македонија да фати приклучок во трката закритични минерали во соработка со западните партнери и да го искористи својот ресурсен потенцијал. Токму во наоѓалиштето во Иловица, утврдено е дека рудникот би експлоатирал 10 милиони тони руда годишно, а просечното годишно производство е проектирано на над 10 илјади тони бакар. Според количините на руда што ги поседува, проектот се предвидува да биде активен околу 23 години. Но, за разлика од апелот на Центарот за стратегии за критични минерали со јавни средства да се поттикнуваат инвестиции, за овој проект веќе е обезбеден приватен капитал и првата фаза за изградба на рударскиот комплекс би тежела 340 милиони евра.

    Дополнително, станува збор и за стотици вработувања, а во текот на целиот период од оперативното работење ќе се исплаќаат и околу 75 милиони евра секоја година на повеќе локални и регионални компании кои се занимаваат со угостителство, земјоделство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвена индустрија, занаетчиство, одржување и тековно сервисирање. 

    Инаку, како што се додава во Извештајот, голем предизвик на Западот е што не постои
    доволна количина на бакарен концентрат за топилниците. „Иако некои рударски компании поседуваат интегрирани операции за топење и рафинирање, многу рударски компании се потпираат на независни топилници и рафинерии за претворање на бакарниот концентрат во рафинирани бакарни катоди.

    Овие независни операции работат според бизнис модел на наплата, каде што приходите се генерираат преку надоместоци за третман и рафинирање. Брзата експанзија на глобалните капацитети за топење – особено во Кина – го надмина растот на снабдувањето со бакарен концентрат, оставајќи ги топилниците да се натпреваруваат за ограничена суровина“, истакнува американскиот Центар за стратегии за критични минерали.

    Во текстот се додава дека Кина помеѓу 2001 и 2023 година распределила приближно 98 милијарди долари за финансирање на проекти за критични минерални проекти, помагајќи им на кинеските фирми да обезбедат удели во стратешки средства и долгорочен пристап до суровини. Според Центарот, резултатот од овие активности е застрашувачки степен на доминација на пазарот.

    Основниот заклучок на извештајот е дека ниту една влада, институција или приватен инвеститор не може да го финансира целиот процес на истражување, развој, преработка и производство потребен за создавање на отпорни синџири на снабдување, независни од Кина. Меѓународната агенција за енергетика проценува дека ќе бидат потребни повеќе од 500 милијарди долари инвестиции во нови критични минерали, врз основа на наведените политички цели.

    Прочитај повеќе

    Сообраќајка во Скопје: 75-годишен велосипедист тешко повреден во судир со мопед

    24.10.2026 во 13:30

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.