Крис Рок повторно ги исмеа Вил Смит и неговата сопруга

 

Комичарот Крис Рок одржа стендап шоу во живо преку „Нетфликс“, а иако не ги воодушеви премногу гледачите со шеги, многу луѓе беа навлечени на еден сегмент од настапот, а тоа е делот кога тој повторно се исмева со Вил Смит и неговата сопруга Џеда Пинкет Смит.

Во еден момент од програмата на „Нетфликс“, насловена Selective Outrage – прва од претстојните ‘лајф спешл’ емисии во продукција на стримерот – нагласи дека Џеда Пинкет Смит го интервјуирала својот сопруг откако имала секс со пријателот на нејзиниот син.

„Секој од нас е изневерен барем еднаш, сите сме доживеале изневерување. Но, никој од нас не бил јавно интервјуиран на телевизија од страна на сопругата откако нè изневерила со пријател на нашиот син. Никој од нас,“ рече Рок, а потоа продолжи со уште поинтензивен тон.

„Еј, му пружив орален секс на некој друг. Како се чувствуваш тоа… Мислам дека таа реченица повеќе го боли него отколку неговата шлаканица мене,“ се пошегува Рок.

Поради ваквите зборови Рок се најде на мета на многу корисници на „Твитер“, и повеќето нагласија дека Вил треба повторно да му удри шлаканица.

„Нетфликс повторно се зафркава со своите клиенти. Ги откажуваат нашите хит серии и му плаќаат на Крис Рок само за сите да добијат уште еден доказ дека Смит бил во право што му удрил шамар,“ твитнаа неколку корисници на оваа социјална мрежа.

„Вил Смит ти удира шлаканица пред 16 милиони луѓе, а ти настапуваш во шоу една година подоцна и единствено што можеш да помислиш е да продолжиш да го нарекуваш кучка. Вил Смит – Крис Рок 2:0“, напиша друг.

Десетици други твитнаа: „Тој навистина сака Вил Смит повторно да му удри шамар“, „Смит треба повторно да му удри шлаканица на овој човек. Тоа е единственото решение.“

За потсетување, Крис ја спомена Џеда на минатогодишното доделување на „Оскари“. Вил првично се насмеа од коментарот, но кога ја виде лутата реакција на својата сопруга, тој збесна, излета на сцената и му удри шлаканица на Крис. Кога се врати на своето место, Вил извика: „Не го спомнувај името на мојата сопруга“. Таа шлаканица му донесе десетгодишна забрана да се појави на доделување на златните статуетки.

06.03.2023 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега